ТЕХНОЛОГИЈА на ИНДУСТРИСКИ ГЕНЕРАТОРИ

Генераторите HERON се наменети за различни намени, од мали или секојдневни работи сè до користење во индустриска дејност.

 

HERON технологија

 

Еден од најважните параметри на генераторите HERON е, дека ни при полно оптоварување не работат на работ на нивната моќност и потребните технички параметри ги исполнуваат со резерва. Многу се доверливи, и веќе во сериската опрема содржат современи технолошки решенија, кои се вообичаено достапни само во надстандардна опрема со доплата.

Сите индустриски генератори HERON се опремени со автоматски електронска единица за регулирање на напон AVR (Automatic Voltage Regulation) и благодарение на квалитетното продуцирање на излезен напон, (одстапување до максимум ± 5%), овозможуваат приклучување и на осетливи електронски апарати.

Во опремата на генераторите HERON со декларирана моќност над 2kW, Е вклучен и дигитален мерач на работните часови на моторот, кој ги регистрира сервисните интервали и работните часови.

Сите генератори се опремени со автоматски систем за контрола во однос на нивото на масло, кој го исклучува моторот во случај на ниско ниво на маслото, и со тоа се одбегнува негов дефект.

 

Конструкција

 

Генераторите со синхронизиран мотор се врамени со рам со квалитетно извиткување, отпорен на топлина при долга работа. Сместен во масивен заштитен рам, уредот се штити од оштетувања и го олеснува неговиот транспорт. Конструкцијата нема потреба од заземјување.

 

Употреба

 

Еднофазните и трофазните генератори HERON-индустриска серија, претставуваат идеален уред за стабилен напон на градилиште, при монтажни работи на терен, во подвижни сервисни единици, но исто така и за повремени работи на викендица, градина, базен, итн. Благодарение на системот за регулација на напон, погодни се за напојување на електричен алат и електромотори, грејни и осветлувачки тела или апарати за заварување(некои типови). Може да се користи и како доверлив резервен извор на енергија (back up).

ТЕХНОЛОГИЈА на ДИГИТАЛНИ ГЕНЕРАТОРИ

HERON нуди екстра тивки, мали и лесни агрегати, кои благодарејќи на погодниот инверторски систем -„чист“ високо-фреквентен монофазен напон и недеформирани излезни струи, овозможуваат најразлична употреба.

 

HERON технологија

 

Дигиталните генератори претставуваат технолошки дијамант помеѓу генераторите. Иновативното решение на моторот со мултиполов алтернатор и користењето на алтернативни технологии, резултирало во идеална излезна синусоидна крива и квалитетен излезен напон со драстично смалување на тежината и димензиите на генераторот за повеќе од 50% наспроти конвенционалните уреди.

Користењето на квалитетен четиритактен мотор HERON кој користи безоловен бензин 95, и интелигентиот регулатор на вртежи, придонесуваатза поголема економичност до 40% од стандардните генератори. Моделот DGI 20Q докажано со едно полнење (3,7л), работи непрекинато до 9 часа!

Генераторите од овој тип се стандардно направени со системна автоматска заштита пред преоптоварување, прегрејување и опасност од спуштање на нивото на маслото во моторот.

 

Ладење

 

Уникатниот систем од лавиринтно принудено ладење обезбедува оптимално ладење на сите делови на генераторот и така осигурува идеални услови за негова работа.

 

Прописи

 

Дигиталните генератори HERON ги исполнуваат бараните пропишани норми EURO 2. Неговата звучност, благодарејќи на неговата единствена конструкција, е за 10% пониска од Европската законска норма 200/14/ЕС.

 

Користење

 

Благодарејќи на лесната преносливост и стабилниот излезен напон, дигиталните генератори можат да напојуваат електрични уреди,апарати за домаќинство и електронски уреди како телевизори, видеа, компјутери, радиа и други технички уреди, вклучувајќи исто така и високо осетливи, како што се медицинските апарати. Тие можат исто така да се користат како лесен, тивок и моќен извор за електрични апарати на викендичка, кампување или за време на патување.

ТЕХНОЛОГИЈА на моторни ПУМПИ

Пумпите HERON се идеален помошник при наводнување на градина и поле, испумпување на поголеми количини на вода, како што се базени, рибници, резервоари за вода и др.
Одводните пумпи се наменети за пумпање на отпадна вода од дупки, септички јами, канализации или за собирање на излиена вода. Моторните пумпи HERON го задоволуваат и оној корисник кој има високи барања.

 

Проточни • приоритет на количината на испумпаната вода

Со притисокнагласок на висина на испумпување и способност да се создаде висок притисок при поврзаност кон систем за наводнување.

Кални • потреба за голем проток.

 

Конструкција и опрема

 

Пумпите HERON се опремени со тестиран 4 тактен мотор HERON со транзисторско, безконтактно палење. Компактната конструкција, каде се користени цврсти и лесни легури, не бара користење на запчест ремен или синџир и така овозможува зголемена сигурност и едноставно одржување. Сите видови на пумпи HERON се опремени со систем на автоматска заштита при ниско ниво на масло.
Впивачкиот кош спречува пропуштање на многу големи тврди парчиња и нечистотија, а исто така ја заштитува пумпата од блокирање. Пумпите за кал и отпадна вода HERON, се препознатливи по робусната конструкција, задебелениот цевкаст рам во кој е сместени, и турбината од масивна легура, што резултира со голема отпорност на механички оштетувања. Исклучително моќниот мотор им овозможува да пумпаат и многу валкана вода со дијаметар на тврдите парчиња до 25мм. Стандардната дополнителна количка за транспорт со рачка, овозможуваат лесно маневрирање и во деликатни ситуации.